Мајката на сопругата не нападна мене и сопругата со чаши и ѓезве

Со чаши и ѓезве билo нападнатo смејството Велкови. Мајката на сопругата на 28 годишниот Дејан Велков ги нападнала него и неговата сопруга затоа што разбрала дека младиот брачен пар се подготвува да се пресели во Штип.

Велков вели дека мајката на неговата сопруга потоа и физички ја нападнала и сопствената ќерка, која поради силниот удар што го добила во тилот изгубила свест. Таа сега е на одделението за хирургија во штипската болница, а нивното бебе кое има само 20 дена поради состојбата на мајката е на педијатрија, каде што за него се грижат лекарите.

Од СВР Штип потврдуваат дека вчера се случувало драма во Кочани, но кој кого нападнал дополнително ќе се истражува, бидејќи и од двете страни има пријави за физичко насилство.

Извор Либертас

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести