Човекот којшто е главен реализатор на шемите на Груевски „трошиме за чоколадо а немаме за леб“, Зоран Ставрески, не го почитува Законот за јавниот долг, што самиот си го побара а му го изгласа владејачкото мнозинство, тврди СДСМ.
СДСМ потсетува дека по скратена постапка, кога опозициските пратеници не учествуваа во работата на Собранието, власта самата си изгласа промена на Законот за јавен долг со цел нереално да се прикаже вистинската сума на јавниот долг.
– Согласно истиот овој закон Ставрески имаше обврска да објави колкав е државниот и јавниот долг на 30 октомври 2015 година, односно вчера.Како што може да се увери целата јавност, рокот измина. Ставрески го прекши законот, долгот не е објавен – велат од СДСМ.
Од партијата заклучуваат дека е очигледно оти Ставрески повторно го крие долгот од јавноста.




