Спасовски: СДСМ нема да ги дели општините по партиска линија, како што сега власта го заборави Куманово

-Општина Куманово бидејќи е раководена од градоначалник од редовите на СДСМ, власта ја има заборавено, односно  ниту еден проект во овие неколку години од страна на централната власт се нема реализирано- рече Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски во емисијата “Став” на локалната ТВ Плус Куманово.

Тој вели дека со промена на власта, СДСМ нема да ги дели општините по партиска линија, односно без разлика од која партија е првиот човек,  општината ќе има ист третман од централната власт како и оние раководени од СДСМ.

Во емисијата Спасовски се осврна и на актуелните случувања околу договорот од Пржино.

-Роковите се веќе пробиени и договорот е прекршен од страна на ВМРО ДПМНЕ. Дали ова ќе значи и поместување на датумот на изборите ќе дознаеме во текот на преговорите. Целиот овој период работиме, особено на Платформата на програмата на СДСМ. Ние во овој момент работиме со граѓаните преку дебати и трибини во градовите во внатрешностани во Скопје. Потоа ќе имаме програмски Конгрес. Тоа се политики кои покажуваат како ние ја гледаме Република Македонија. На овој начин ние се подготвуваме за избори – вели Спасовски.

 

Најнови вести

Најново од Видеа, Ударни вести

Најчитани вести