Убиство или самоубиство: Кашмир и Ѓулџан Исовски со денови биле мртви во мотелската соба

Кашимир Исовски (33) и неговата партнерка Ѓулџан Исовска (27) се лицата чии тела со денови биле во мотелот „Пржо“ во Битола. Според одредени македонски медиуми станува збор за убиство и самоубиство, но полицијата се уште не ги открива деталите за причините на нивната смрт. Голите тела во распаѓање беа пронајдени од вработените во мотелот, кои случајот го пријавиja во битолската полиција.

Починатите се од ромска националност и живееле во населбата Караорман. Битолчани , овој дел од градот го сметаат за „нарко гето„.  Кашмир И. имал дебело полициско досие, од кои повеќето се за сторени кривични дела поврзани со продажба на дрога.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести