Конечно готово обвинението за дадилката која тепаше 9-месечно бебе

Дадилката од Ѓорче Петров која ја вџаши јавноста во Македонија со малтретирањето и тепањето на бебето кое требало да го чува, од денеска е официјално обвинета за сторено кривично дело. Основното јавно обвинителство – Скопје денеска поднесе обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – запуштање и малтретирање на малолетно лице, од член 201 од Кривичниот законик.

Кривична пријава беше поднесена од страна на Министерството за внатрешни работи, по што обвинителството поведе постапка против дадилката ангажирана од родителите на деветмесечното малтретирано дете, соопштува обвинителство.

„Донесеното Обвинение се заснова на прибраните докази, меѓу кои и извршените вештачења, особено за психичката состојба на осомниченото лице и за настанатите последици кај детето. Едновремено со поднесување на обвинението, јавниот обвинител до Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави и предлог за продолжување на мерката –притвор за осомничената“, стои во соопштението.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести