Кошаркарите на првакот Голден Стејт ја запишаа и 15-та победа од стартот на сезоната и ова за нив е нов најдобар почеток на една сезона. Тие ноќеска го победија Денвер на гости со 118:105. Тие го изедначија нивниот рекорд од сезоната 1948/49 и рекордот на Хјустон од 1993/94.
Клеј Томпсон беше најефикасен со 21 додека Стеф Кари постигна 19. Кај Денвер „дабл-дабл“ имаше Никола Јокиќ со по 11 поени и скокови.
На другите натпревари беа постигнати следниве резултати:
ЛА Клиперс – Торонто 80:91,
Бруклин – Бостон 111:101,
Њу Орлеанс – Феникс 122:116,
Оклахома Сити – Далас 117:114 и
ЛА Лејкерс – Портланд 93:107.


