Наумов стави вето на најавата за ново задолжување на Ставрески

 

Падна првото вето. Кире Наумов го оспори новото задолжување на министерот за финансии 100 милиони евра. ЗА одлуката на Наумов, информираа од СДСМ преку соопштение.

„ Груевски и Ставрески сакаат да ги задолжат граѓаните на република македонија кај домашните банки за нови 100.000.000 евра. Ова ново задолжување е доказ дека  државната каса е празна и зависна од нови и нови задолжувања. Ова задолжување е  доказ дека е загрозена исплатата на платите и пензиите, до тој степен што државната каса е во состојба да не може да ги дочека средствата од еврообврзницата кои треба да бидат оперативни за само неколку дена.
Граѓаните слушнаа од проектот вистината за македонија како токму зоран ставрески вели дека „ќе истури 200 милиони евра пред избори“.СДСМ Има обврска пред граѓаните и пред законот да не дозволи повторување на вакви изборни измами“ се вели во соопштението од СДСМ. Овој случај практично ќе биде и прв кој ќе заврши на одлучување во Државната изборна комисија, која во понеделник најверојатно би заседавала за последен пат во сегашен состав. Дали и како во рамките на дик ќе се одлучува по евентуланото прво вето од страна на СДСМ, ќе се знае во понеделник . Задолжувањето од 100 милиони евра треба да се реализира во вторник и останува нејасно како ќе се спроведе, со оглед на тоа што веќе во првата недела од ноември, по основ на допспеани долгови државата треба да врати околу 60 милиони евра.

Најчитани вести