Шокантно признание на Кјубрик: Слетувањето на Месечината е лага, снимката е мое ремек-дело!

Светот е во шок по појавувањето на видеоснимката од интервјуто на легендарниот режисер Стенли Кјубрик кој призна дека и помогнал на НАСА да ги сними и лажира сите филмови во кои американски астронаути слетуваат на Месечината

Американскиот режисер Стенли Кјубрик, во видео интервју направено само неколку дена пред неговата смрт, тврди дека НАСА никогаш не успеала да испрати астроанути на Месечината и дека стите тие снимки се монтирани и се всушност негово ремек-дело.Кјубрик признава дека целата планета во 1969 година, наместо директен пренос од слетувањето на Месечината всушност го гледала неговото дело.

Документарецот кој авторот го снимил на 3 март 1999 година, четири дена пред смртта на режисерот, е објавен дури сега бидеќи имал договор со Кјубрик да не се објавува 15 години откако ќе почине. Овој филм е само најнов аргумент кој љубителите на теориите на заговор ќе го користат во докажување на една од “најголемите измами“ во историјата на човештвото.

Заговорниците на теориите на заговор се во право во овој случај, вели човекот со брада од снимката за кого поединци тврдат дека не е Кјубрик.

Режисерот раскажува дека целата снимка и слетување се лажирани и фалсификувани за да се исполни “пророштвото“ на претседателот Џон Кенеди дека Американците ќе стигнат пред Русите на Месечината.

– Учествував во голема измама на американската јавност, а во неа беа вмешани американската влада и НАСА. Слетувањето на Месечината е лажирано, сите слетувања се монтирани, а јас сум човекот кој тоа го направи. Се е потполна фикција, вели Кјубрик.

Најнови вести

Најново од Видеа, Свет

Најчитани вести