Почина одбојкарот Дејан Брѓовиќ

Прославениот српски одбојкар и тренер Дејан Брѓовиќ ненадејно почина во 49-тата година.

Брѓовиќ е роден во Краљево на 21 февруари 1966 година. Тој беше капитен на репрезентацијата и за националниот тим одигра 300 натпревари.

Брѓовиќ беше еден од најдобрите играчи во историјата на српската одбојка.

Еден од најголемите негови успеси е бронзениот медал на Олимписките игри во Атланта во 1996 година.

Дејан Брѓовиќ извесно време работеше и како тренер на македонската одбојкарска репрезентација.

Најчитани вести