Притвор за осомничените српски државјани за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски

30 дневен притвор доби осомничениот српски државјанин за убиството на 27 годишниот охриѓанец Димитар Матилоски, јавува 24 Вести.
Притвор им е определен и на другите двајца осомничени, исто така српски државјани за помагање, потврдија од СВР Охрид.
На убиството, кое се случи на новогодишната ноќ, му претходела жестока расправија меѓу две групи во кафе барот Табана по што Димитар го напуштил локалот сакајќи да замине.
Првоосомничениот го пресретнал надвор и брутално го нападнал по што заминал. Второ и третоосомничените со цел да го прикријат делото најпрвин го сместиле во друга соба во објектот каде што престојувале. Димитар им подлегнал на повредите во општата болница во Охрид.
Од скопското обвинителство информираа дека првоосомничениот се гони за убиство на свиреп начин, кривично дело за кое му се заканува затвор од најмалку десет години. Другите двајца ќе одговараат за помагање.
За три лица, државјани на Србија побаран е притвор и определен од судија на претходна постапка во времетраење од 30 дена.
Еден осомничен се гони за кривично дело убиство од чл. 123 став 2 според кој – со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор ќе се казни тој што друг ќе лиши од живот на свиреп или подмолен начин. Другите двајца се гонат за помагање од член 365 од КЗ.
Српските медиуми на целиот случај му дадоа голем публицитет, наведувајќи дека ваквите сцени се многу често во Охрид, посебно за време на новогодишните празници и в лето кога голем број српски туристи доаѓаат во македонскиот туристички центар.
Пред пет години во Охрид имаше убиство и на српски државјанин, инцидент кој исто така се случи по посета на ноќен клуб.
Извор: 24 Вести

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести