Веднаш по празниците, нов заем од домашните кредитори. Во првиот месец од годинава веќе се закажани три нови задолжувања, информира 24 Вести.
Министерството за финансии ја објави агендата за првата половина од годинава – ќе се спроведат дури 24 нови задолжувања преку кои ќе се бараат заеми од банките, фондовите, осигурителните компании.
Проспектите за задолжувањата од домашните кредитори упатуваат на тоа дека само во двата изборни месеци – март и април ќе се спроведат девет аукции.
Дали новите задолжувања ќе бидат вовед во нов конфликт на релација Ставрески – Наумов? Дополнителниот заменик министер вели дека министерот го објавил планот за задолжувања, но вели дека нивното спроведување останува проблематилно.
“Проектите за новите задолжувања се објавени, но според она што го видов, закажаните аукции се доплнително иритирачки. Има денови кога се закажани нови задолжувања, икако ден потоа нема раздолжување. Сметам дека врз овој план за заеми влијание ќе има и решението на Управниот суд кој треба да одлучи по нашата тужба поврзана со ветото за задолжувањата, но и можноста новиот состав на ДИК да ја преиспита одлуката на стариот состав“, вели дополнителниот заманик министер Наумов.
Целиот текст и видео на следниот линк.


