Пред 20 години Дивац за малку ќе ја упропастеше размената со Коби Брајант

Пред 20 години, Лос Анџелес Лејкерс имаше една од најголемите offseason во историјата на НБА, кога го добија Коби Брајант и потпишаа со слободниот агент Шекил О’Нил. Но, поранешниот центар Лејкерси Владе Дивац, сега генерален менаџер на Сакраменто Кингс, речиси го спречи формирањето на најпознатото дуо во историјата на НБА.

“Моите чувства беа дека играм кошарка и за забава. Ова не е забавно”, рече неодамна Дивац за Yahoo.

Со договорот од 1996 година, Лејкерси го испратија Дивац во Шарлот Хорнетс, во замена за Брајант

“Ако ме прашаше некој порано, Владе дали ќе играш кошарка таму [во Шарлот], ќе му одговорев дека тоа нема да се случи. Разговарав со жена ми и и реков: Јас ќе се пензионирам.”

“Тоа ќе беше многу лошо. Ќе станев најомразениот човек во Лос Анџелес” – се потсетува Дивац.

vlade_divac

Дивац беше во Европа и беше шокиран кога неговиот агент му кажа за размената. Неколку дена подоцна, Дивац ги информирал Лејкерси дека планира да се пензионира, со што ќе ја спречеше размената за Брајант.

“Се чувствував како некој да ме удри од позади со чекан”, рече Дивац. “Ова беше прв пат во мојата кариера, да се случи нешто што не планирав. Бев скршен. Си мислев, играм кошарка и за забава. Кога ја донесов мојата прва плата [кошаркарска], татко ми ми рече: Кој ти го даде ова? Дали тие се луди? Дали знаат дека би играл кошарка дури и ако не ти плаќаат?“

Дивац муу рекол на агентот дека нема да оди во Шарлот.

Во рок од 10 дена од денот на размената, Дивац се вратил во Лос Анџелес, подготвен да се пензионира, но сепак се согласил да се сретне со генералниот менаџер на Лејкерси, Џери Вест.

По “емотивната средба” со Вест, Дивац се премислил и се согласил на размената.

divac_brajant

Дивац ќе биде дел од pregame церемонијата во сабота, како дел од почитта за Брајант, соодветен крај на една приказна која започна со двајца играчи чии судбини се испреплетени.

“Многу сум среќен за неговата кариера”, рече Дивац. “Тој е дефинитивно еден од најголемите”.

Најчитани вести