Бордот на директори на Светска банка денеска го одобри заемот од 25 милиони евра за Македонија наменет за подобрување на општинските услуги, но земјава нема да може да ги добие парите пред да завршат најавените парламентарни избори, јавува Алсат -М.
„Со оглед на изборниот циклус во Република Македонија, проектот ќе стапи на сила и исплатата ќе започне откако претстојните парламентарни избори ќе бидат завршени, стои во официјалното соопштение на Светска банка.
Одобрувањето на овој кредит еднаш веќе беше одложено, а Алсат-М веќе пишуваше дека според неофицијални информации тоа беше направено за да се избегне парите да се одобрат во екот на изборите закажани за 24 април. Таа информација сега добива потврдата со тоа што парите Светска банка сега ги одобрува, но само откако ќе завршат закажаните избори, без да се прецизира датум.
Пред само неколку дена и германската КФВ банка на земјава и одобри кредит од 39 милиони евра наменет за топлификација на Битола, а од германската амбасада кои присуствуваа на потпишувањето на договорот vo Владата, на прашањето дали овие пари може да бидат искористени во предизборни цели, бидејќи се земаат во изборна година, посочија дека парите ќе бидат префрлени директно на оној кој ќе ги изведува работите и само откако работата ќе биде завршена. Ќе има и меѓународен надзор.
Повеќе на Алсат-М


