Наумов: Со закажаните аукции до мај ќе се реализира планираниот дефицит за 2016

Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов, денеска преку соопштение ги демантира пишувањата во врска со задолжувањата на домашниот пазар на капитал, кои вели се претставуваат како негова лична битка премиерот Никола Груевски и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

– Во Република Македонија постојат закони. За жал некој ги смета за палома хартии. Граѓаните на Р Македонија треба да останат и во иднина да живеат на ова поднебје. Никој не смее да го злоупотребува правото на потпис, за да ја отпише иднината на младите, вели Наумов.

Тој, воедно, посочува дека министерот Ставрески на 24.11.2015 година јасно кажал дека со четвртата еврообврзница се обезбедени средства за непречено извршување на обврските на Буџетот за 2016 година, а вели со вчерашната аукција на државни хартии од вредност и со преостанатите закажани аукции, веќе во месец мај планираниот дефицит за целата 2016 година ќе биде реализиран. 

Најчитани вести