Ново задолжување од скоро 9 милиони евра за вторник, најави Министерството за финансии. Веќе во среда истата сума доспева за раздолжување. Неизвесно е дали ќе се позајми толку колку што треба да се врати или повторно повеќе од најавеното. Експертите се сомневаат дека парите што се позајмуваат над износот за радолжување – се трошат во предизборни цели.
„Може да ни се случи она што го гледавме и во претходните изборни циклуси, а тоа е најголем дел од буџетскиот дефицит да се потроши пред изборите. Искуството кажува дека 80 до 90% од дефицотот е потрошен до изборите кои обично беа во првата третина од годината. И нема да ме изненади ако видам такво нешто. Иако, и опозицијата и експертската јавност укажуваше дека во една ваква политичка констелација важно е државата да се задолжува во износ во кој треба да се раздолжи ден или два по задолжувањето. Сега ова е спротивно на тоа.”, изјави Марјан Петрески, универзитетски професор
За економистите и стопанствениците важно е итна разрешница на политичката криза, но избори признаени од сите.Во спротивно проблабочувањето на политичката криза ќе биде уште посилен удар врз економијата.
„Важно е тие избори да бидат со учество на сите засегнати страни и на крајот политичките партии и меѓународниот фактор да кажат дека сме имале фер и демократски избори и тие да бидат признаени од сите учесници во тој процес. И во таква ситуација мислам дека нема тоа да биде крај на политичката криза туку ќе биде важно после тие избори без оглед која политичка партија ќе ги освои изборите да видиме некои напори за институционална реформа, односно процес низ кој граѓаните и фирмите ќе ја повратат својата доверба во институциите дека тие функционираат во нивна корист, а не во корист на политичките елити, “ изјави Марјан Петрески, универзитетски професор.
„Ние не сакаме веќе да бидеме жилава економија. Ние сакаме да бидеме растечка економија. Жилавоста носи непопуларни начини на функционирање, кои се спротивни на законите и кои се граничат со економската логика. И, на некој начин од мала економија, на мали компании кои треба да пораснат во корпоративно управувани компании ќе треба да оставиме оставштина на тие што ќе следат дека треба да бидат нетранспарентни, неотчетни и калкулантски настроени кон економијата“, изјави Миле Бошков од Конфедерација на работодавачи.
Во услови на политичка неизвеснот, стопанствениците алармираат дека нема да можат да го испорачаат предвидениот економски раст за година од 4 отсто.
Извор: Алсат-М


