По натпреварот со Манчестер Сити, во кој Лестер славеше на гости со 3:1, клубот на својот твитер ја објави информацијата дека е потпишан нов договор со нивниот напаѓач Џејми Варди. Најдобриот стрелец на Премиер лигата, во Лестер ќе остане до 2019 година, што значи дека уште најмалку три сезони ќе го носи дресот на „лисиците“.
Варди, кој во оваа сезона има постигнато 19 голови за екипата на Лестер, беше еден од најбараните играчи кај европските екипи.
„Среќен сум што останувам да се борам со клубот за нешто посебно и среќен сум што ќе бидам дел од екипата. Лестер постојано веруваше во мене, не можам да опишам колку многу тоа влијаеше на мене за да напредувам. Секогаш ќе му бидам благодарен на клубот, што инвестираше во мене и ќе работам секој ден напорно за да му возвратам“ објасни Џејми Варди по потпишувањето на договорот.


