Најпосетениот ракометен натпревар во Македонија е тој што пред 47 години го одиграа во Велес екипите на Борец и Партизан од Бјеловар, Хрватска. Тоа било средба од полуфиналето на купот на Југославија. Натпреварот сее играл на Градскиот стадион во Велес, а имало околу 12 илјади гледачи. Толку влезници биле продадени. Претходно Борец во Белград успеал да ја совлада Црвена Ѕвезда, па апетитите на велешани пораснале и постоел огромен интерес за средбата.
– Во Велес тогаш владееше голема, вистинска еуфорија за ракометот. Редовно не следеа по осум илјади гледачи, кога игравме дома. Игравме на отворено, на Градски стадион, зад едниот гол. Сите средби се играа в недела со почеток во 10 часот. А уште во 9 стадионот се полнеше. Таа 1967-та раководството на Борец реши нашата меѓусебна средба од полуфиналето во Купот да се игра на Градскиот стадион со повеќе места, поголем број гледачи, оти пред тоа ја победивме Црвена Ѕвезда во Белград. Надежите пораснаа и сакавме да играме во финале, ама не би к`смет, не поразија. За овој натпревар се изгради дополнителна монтажна трибина од четвртата страна и затоа на оваа средба имаше рекордни 12 илјади гледачи, толку билети се продадоа. Град од 36 илјади жители, секој трети беше дојден да гледа – се присетува Тодор Мијаков Кошот, кој беше капитен во таа генерација, а играл на позицијата централен бек, по потреба и пикер.
Целиот текст прочитајте го на tirekovmirece.com


