Утре ново задолжување на Владата

Владата утре повторно ќе се задолжи кај домашните кредитори – таа ќе побара нов заем од 75,76 милиони евра. На утрешната аукција на хартии од вредност ќе бидат понудени шест месечни записи во вредност од 21,13 милиони евра и 12 месечни записи за 54,63 милиони евра.

Ден по аукцијата Министерството за финансии треба да врати 75,86 милиони евра по основ на стигнати стари долгови за плаќање.

До крајот на јуни, треба да се одржат уште 15 аукции. Заклучно со декември 2015 ,вкупниот јавен долг достигна 4,2 милијарди евра или 47 % од БДП.zadolzuvanje

Најчитани вести