СДСМ: Марта Арсовска Томовска лаже, договор за медиумски реформи нема поради стравот на Никола Груевски

Соопштение на СДСМ:

Договор за медиумските реформи нема, затоа што од нив бегаат Никола Груевски и  ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ бегаат од лидерски средби, бегаат од работни групи, избегаа и од дебатата за медиуми во Собранието.

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да продолжи корупцијата на медиумите под нивна контрола со пари од граѓаните.

Реформите во медиумите што треба да обезбедат услови за фер и демократски избори значат целосна департизација и професионализација на советите на Агенцијата за медиуми и на јавниот сервис МРТВ.

Ова е обврска што произлегува од Договорот од Пржино, од Извештајот на Прибе, но и обврска од Извештајот на Европската унија за Македонија.

На таа линија е и ставот на СДСМ што е познат на домашната и на меѓународната јавност.

Неопходно е партиските кадри во советите на Агенцијата за медиуми и на МРТВ да се заменат со експерти.

Груевски попусто се обидел преку Арсовска Томовска да се спаси од вистински медиумски реформи.

Следните избори во Македонија мора да бидат фер и регуларни.

Тоа значи со прочистен Избирачки список и со медиумски реформи, го сакале тоа Груевски и соработниците или не.

 

 

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести