Банкарите смируваат. Нема потреба од паника кај граѓаните, бидејќи нивните пари во банките се сигурни. Банкарскиот систем е стабилен и ликвиден и ќе одолее на актулените случувања исто како што одолеа на еконмската криза во изминатиот период, вели првиот човек на Здружението за банкарство, Коста Митровски. Тој не очекува девалвација на денарот, а според него зголемена побарувачка на евра во зиминатите неколку дена се должи на претстојните празници и големиот број граѓани кои ќе патуваат во странство.
– Да ги известам граѓаните дека штедните влогови што ги имаат во банките им се сигурни и стабилни. Сите оние што имаат потреба од подигнување средства, можат во секое време да отидат во банките и веднаш ќе бидат послужени, без разлика дали се физички или правни лица. Сите оние што сакаат да извршат менувачко работење односно да купат евра за денари ќе бидат веднаш опслужени затоа што во банките има евра во доволни колични, изјави Коста Митровски, претседател на Здружение за банкарство .
Светската банка денеска уште еднаш преку соопштение ги отфрли информациите дека целосно запираат со кредитирање на проектите во Македонија. Во соопштението се вели дека сите проекти кои се во тек продолжуваат со реализација, додека заемот од 28 милиони долари за општините, одобрен во јануари, е условен од одржувањето на парламентарните избори.
Извор: Телма


