НБРМ ја зголеми каматата

Повлекувањето на депозитите од банките и зголемената побарувачка за девизи ја натераа Централната банка да ја затегне монетарната политика.По речиси три години,НБРМ ја зголеми основната каматна стапка на благајничките записи за 0,75% однсоно од 3,25 % на 4   % .

Промената на каматата според објаснувањето од тмау е одговор на делувањето на фактори од неекономска природа

„Одлуката за затегнување на монетарната политика е реакција на зголемената побарувачка на девизи и притисоците врз депозитната база на банките, коишто во целост се последица на влошените очекувања на економските субјекти, предизвикани од нестабилната политичка состојба во земјата. Со тоа, промената на каматната стапка е одговор на делувањето на фактори од неекономска природа“, НБРМ

Одлуката на централната банка е очекувана и испрака цврста порака за определбата да се зачува макроекономската стабилност и стабилноста на денарот.Сепак вели професорот Абдулменаф Беџети ќе има и негативни ефекти од неа

По поскапувањето на каматата на благајничките записи,на потег се банките.Дел од нив потврдуваат дека прават интерни пресметки.Не ја исклучуваат можноста за корекција на каматите.

-Имајќи ја во предвид пошироката консталација на збиднувања и зголемената побарувачка за девизи, објавеното зголемување на каматните стапки на благајничките записи  може да резултира со придвижување и на активните и пасивните каматни стапки во Банката,доколку овие промени кај благајничките записи се од подолгорочен карактер,Стопанска банка АД Скопје

Текстот во целост на Телма

Најнови вести

Најново од Економија, Ударни вести

Најчитани вести