Јасно како ден е дека партискиот кадар во Агенцијата за храна и ветеринарсто (АХВ) неможе да се справи со болеста ,,јазлеста кожа,, и дека од ден на ден , додека се чека вакцината, бројката на погодените животни ќе расте.
За информација на јавноста, АХВ дури денес 13.05.2016 официјално треба да го потпише договорот за набавка на вакцини против болеста ,,Јазлеста кожа,,.
Упорно ја лажеа јавноста дека: вакцината е набавена, потоа обезбедена и завчера обзнанија дека само е РЕЗЕРВИРАНА вакцината .
АХВ никаде во соопштенијата и изјавите не ја информира јавноста дека немаат склучено договор за набавка на вакцината.
Во нивните изјави тврдат дека животните заштитен имунитет ќе стекнат за за 10 дена. ТОА НЕ Е ТОЧНО. Во упатството за вакцината се вели ,, Имунитетот почнува да се создава после десетиот ден од апликацијата а заштитен имунитет шивотните ќе стекнат после третата недела по апликацијата,,.
Вакви манипулатори кои упорно ја лажат јавноста сеуште не сум сретнал.
Фејсбук статус на ДВМ Зоран Атанасов, Советник во кабинетот на дополнителниот заменик министер во МЗШВ


