Сточари од „Висока Мала“, Струмичко, јавуваат за зголемен број на добиток заболен од болеста „Јазлеста кожа“. Крави умираат во фармите, а на кланица завршуваат цели стада.

За нив, како што велат, одгледувањето на добитокот им е единствен извор на егзистенција и ова што им се случува е алармантно поради што апелираат на помош од страна на државата.




