Повисоки цени на јавниот превоз, цигарите, алкохолот. Поскапување и на дел од прехранбените производи. Грција оваа сезона ја почнува со нешто поскапа понуда, но и обид на угостителите да го амортизираат ударот од зголемените даноци.
Поскапувањето на брашното ќе влијае врз зголемување на цените во пекарниците и слаткарниците. Малопродажните цени на алкохолните пијалаци се зголемуваат за 10 отсто, а цените по кафулињата за 20 отсто. Цената на пивото е веќе речиси двојно зголемена, на кафето за 40, до 60 %, повисоки се цените и на облеката и обувките…
Туристичките агенции во Македонија уверуваат дека цените на хотелите и на приватното сместување воопшто не се променети. Угостителите во Грција се обидуваат да не ги зголемат и цените во таверните.
За 10 отсто поскапеа и билетите за јавен превоз, авионските и билетите за брод.


