Четворица од кандидатите за ректор на УКИМ не сакаа да коментираат за универзитетската автономија

Дебата за Ректор на УКИМ под посебни услови и без дозвола за новинарски прашања, туку само од академската заедница, пренесе Телма.

Четворица кандидати меѓу кои Елена Думова- Јовановска, Коле Василевски, Александар Димитров и Атанас Кочов пред претставувањето на програмите во борба за ректорската позиција, истапија со барања до организаторот Професорски пленум.

Од дебатата отсуствуваше професорот Никола Јанкуловски кој откажа во последен момент.

-Четворица од професорите си го кажаа ставот дека доколку сметаат дека не се соодветни прашањата може да ја напуштат дебатата тоа е нивно право, информираше модераторот Маја Беќер

Без коментар. Ова беше ставот на четворицата потписници на барањето на прашањето за вчерашниот упад на полицијата на Економскиот факултет и повредата на универзитетската автономија. Откако една професорка во публика побара тие да потпишат проглас со кој ќе го осудат вчерашниот настан како рушење на автономијата, професорите се децидни дека нивен договор е да не одговараат на како што ги нарекоа дневно политички теми , бидејќи може да се протолкува на секаков начин.

Единствен исклучок беше кандидатот Ненад Новковски кој го осуди чинот. Но, публиката инсистираше на одговор, што ако во нивни мандат би се случил упадот.

-Ќе застанам цврсто против тој што сака да ја наруши автономијата ако не можам да одбранам следен чекор е оставка   Ние за вчера и денеска немаме никакви информации, изјави кандидатот за ректор, Александар Димитров.

-Ако е испочитувана автономијата и ректорот е прашан, ние не знаеме, доколку е без мое прашање ќе ги активирам сите тела на универзитетот кој што може да помогнат. Ако не успеам се знае што следува – оставка, реагираше Елена Думова Јовановска

-Жестоко ќе реагирам ама не апстрактно. Како вчера и претходно со сечење на дрвјата. И тоа затоа што имам интегритет спротивно на сегашниот менаџмент, подвлече Ненад Новковски

Проблем како што посочија присутните е дека легитимноста на изборот на нов Ректор може да биде оспорен бидејќи студентските претставници кои треба да учествуваат на Сенатот кога ќе се гласа се нелигитимни и не се избрани според правни акти на Универзитетот и Студентскиот парламент.

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести