Полициски службеник вработен во СВР Тетово е повреден на главата откако се обидел да лиши од слобода тетовец кој треба да издржи затворска казна, јави Мета.
Двајца полициски службеници при обид да го приведат лицето во еден локал во центарот на градот, настанала вербална расправија и во тој момент еден од учесниците во инцидентот извадил шипка и го удрил полицаецот по глава.
Тој се здобил со повреди по што бил пренесен во Клиничкиот центар во Тетово.
Тетовски медиуми јавуваат дека во тешкиот инциден се повредени четворица полициски службеници. Двајцата од нив се здобиле со тешки повреди и од Клиничкиот центар во Тетово биле пренесени на лекување во Скопје.


