Дипломатско возило учесник во сообраќајката во Охридско

Утрово околу 8 часот на патот Охрид Кичево во близин на селото Мешеишта се случи тешка сообраќајна несреќа.

Охриднет дознава дека се судриле два џипа  и еден камион. Од неофицијалните информации имало повеќе  тешко повредени. Едно лице е пренесено на хируршкото одделение а три се хоспитализирани во специјалната болница за ортопедија и трауматологија. Двајца биле итно оперирани. За среќа сите се вон животна опасност. Неофицијално едно од двете возила џип било дипломатско американско возило.  Сообраќајот е во застој. Според очевидци на местото на несреќата се случувала вистинска спасувачка драма. Повредените се згрижувале во  возилата на брзата помош од Охрид и Струга, но и возила на граѓани кои биле во близина.  Портпаролот на  СВР Охрид Стефан Димоски најави подетални информации во текот на денот.

sudar

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести