Капитенот на португалската фудбалска репрезентација, Кристијано Роналдо, мораше да го напушти финалето на Европското првенство поради повреда.

Тој доби удар во коленото во дуел со Димитри Паје. Тој излезе од игра и по неколку минути се врати, во обид да продолжи, но по кратко мораше повторно да го напушти теренот, овој пат на носилки.
Роналдо доби аплауз од публиката, додека со солзи во очите го напушташе теренот.


