Шарената револуција вечерва повторно ќе излезе на нов протест во 19 часот, пред СЈО.
„Нема правда кога јавниот долг вртоглаво расте. Секој граѓанин на Македонија веќе должи по 2200 евра, а режимот сака да го задолжи за уште 330 евра, во очајнички обид да продолжи да владее криминално.
5 милијарди евра јавен долг!
650 мил. евра обврзница + 450 мил. евра камата = 1,1 милијарда причини за протест!
НЕ ВО МОЕ ИМЕ!
Нема да дозволиме! Не прифаќаме државата и граѓаните да тонат во долгови! Не ги признаваме долговите на расипниците“, пишува во најавата на Фејсбук страницата „Шарена револуција“.


