Земјоделците се разболеа од мака, градот им го уништи родот пред берба

Земјоделците продолжуваат да не информираат за пустошот што го направи силното невреме кое го зафати прилепскиот регион и да бараат помош од државата.

piper4

grad

Наместо берба и валоризирање на трудот земјоделците од општина Кривогаштани се соочија со уништен род, пропадната инвестиција и работа. Се работи за нивната егзистенција која ја обезбедуваат од земјоделското производство.

kromid

-Ова е најлошото нешто што можеше да ни се случи. На толку работа и пари што ги вложувавме, на кредити и задолжување по земјоделските аптеки, останавме без род и без пари. Не знам што ќе правиме ако не ни помогне државата. Земјоделците дома се разболеа од мака, заминаа на доктор, некои од нив завршија во болница – изјави Менде Тошески од село Воѓани.

piper

Земјоделците се прашуваат дали можеше да се спречи оваа катастрофа. Зошто нема противградобијни ракети бидејќи за осигурување немаат пари, а многу од нив не ги исполнуваат условите за субвенционирано осигурување поради нерешените правни односи. Имено земјата  им е под кирија од концесионери кои согласно Законот за земјоделство и рурален развој не смеат да ги издаваат на трети лица. Тоа се обично тутунопроизводители кои се принудени на овој начин да земаат земја бидејќи немаат сопствена а со производството на тутун обезбедуваат основна егзистенција.

tutun_grad

Последното невреме покрај насадите со пипер, тутун и кромид, уништи и дел  од житните посеви. Штетата допрва ќе се проценува а земјоделците со право очекуваат помош од државата.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести