Балкан Петролеум: Каплан нема поврзаност со никаков сомнителен капитал

Демант на веста објавена на Телевизија Телма на 15.07.2016, во интервјуто со Украинскиот амбасадор во Македонија Јуриј Гончарук, пренесена и на Бриф:

Инвеститорот на Balkan Petroleum Holding Limited, Александер Каплан, нема поврзаност со никаков сомнителен капитал и поврзаноста со украинскиот бизнисмен Сергеи Курченко и компанијата Ветек е неоснована.

Александер Каплан е високо искусен професионалец кој беше поканет да работи за Ветек во 2013 и работеше за компанијата само три недели (од март 2013 до април 2013) и замина од компанијата поради несогласување со сопственикот. Оваа информација е достапна јавно и може да се најде онлајн.

Со оглед на тоа, а согласно чл.11 и чл.13 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета на Република Македонија, бараме објава на извинување и јавно повлекување на изнесените невистини на порталот на истото место каде што е објавен текстот.

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести