Република Македонија денес ја издаде еврообврзницата во вредност од 450 милиони евра по купонска каматна стапка од 5.625 % годишно и рочност од 7 години. Средствата од еврообврзницата ќе се користат за буџетски потреби во фискалните 2016 и 2017 година, како и за отплата на долгови кои доспеваат. Постапката за издавање на еврообврзницата беше усогласена со министерството за правда, правните застапници на владата на рм и правните застапници на конзорциумот на банки преку кои се издаде еврообврзницата.
Извор:24 Вести


