Обвинителството го истражува случајот за битолската невеста со пушка

на свадба од страна на вработена во МВР, односно за случајот со секретарката на началникот на униформираната полиција на СВР Битола, за која СДСМ обвини дека пукала со пушка на својата свадба.

Во информацијата од обвинителството се вели:

„По написите во повеќе медиуми во кои се пишува за свадбената веселба на која е употребено оружје, како и за други настани на кои истото оружје е користено и каде има индиции и за евентуално сторени кривични дела, а во насока на информирање на јавноста, јавното обвинителство потенцира дека за овие настани веќе има отворено предмет пред неколку дена.

Во насока на расветлување на настаните и утврдување на поседувањето, употребата на оружјето, како и можно вршење на други кривични дела, обвинителството презема дејствија, меѓу кои е и испратена Наредба до Министерството за внатрешни работи за натамошно постапување“.
Извор:Плусинфо

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести