Урко со своето БМВ предизвикал тешка сообраќајка, едно лице е во животна опасност

Рано утрово во Скопје, на булеварот „Борис Трајковски” се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале возилото БМВ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.М. (43) од Скопје и моторцикл „хонда ЦБР” без регистарски ознаки, управуван од С.А. (22) од Скопје.

 nesreka1
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на моторциклот, кој веднаш бил префрлен во Градска општа болница „Наум Охридски“ и е во животна опасност. Увид извршила екипа на СВР Скопје.
Ова е официјалната информација од МВР. А според сведоци на настанот, се работи за Дејан Митревски – Урко, вработен во МВР, кој со своето возило од Чешма кон Рампа сакал на дупла полна линија да сврти полукружно и удрил во мотоциклистот кој доаѓал од спротивен правец и заедно завршиле во излогот на „Солета“.
Извор:МКД.мк

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести