Федерер ја пропушта Олимпијадата и остатокот од тениската сезона 2016-та

Швајцарецот Роџер Федерер, на својот Фејсбук објави дека нема да може да настапува на Олимписките игри во Рио, а ќе го пропушти и остатокот од тениската сезона.

– Разочаран сум што морам да објавам дека нема да можам да ја претставувам Швајцарија на Олимписките игри во Рио, како и дека ќе го пропуштам остатокот од сезоната. Откако се советував со докторите и мојот тим, морав да донесам тешка одлука за завршување на сезоната, бидејќи ми е потребен долг период на рехабилитација после операцијата на коленото”, напиша тој на Фејсбук.

– Доколу сакам да продолжам да играм без повреди во наредните неколку години, како што и планирам, морам да му дадам доволно време на коленото и на телото да заздрави во целост”, додаде Федерер и вети дека ќе се врати во 2017 година.

Најчитани вести