Сопругата на Ибрахимовиќ го напушти луксузниот хотел, бидејќи не бил доволно добар за неа

Познатиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ не беше тема во британските таблоиди деновиве, но неговата невенчана сопруга и мајка на неговите деца Хелена Сегер предизвика големи полемики. Таа се појави во хотелот „Лоури“ со пет ѕвездички во кој екипата на Манчестер секогаш отседнува, токму како и нивните членови на семејството. Не поминале ниту пет минути откако се пријавила во хотелот, Хелена се одјавила од истиот и се пријавила во хотелот во близна кој ѝ делувал поудобно.

– „Лоури“ е хотел на Јунајтед. Сите знаат дека тие го користат цело време, па и Хозе е отседнат во него додека бара куќа во која ќе живее. Очигледно, сепак, не бил доволно добар за госпоѓицата на Златан – рекол неименуван извор.

Обожавателите на Манчестер јунајтед и на Ибрахимовиќ на социјалните мрежи веднаш го осудија пробирливиот вкус на Хелена и ја нарекоа разгалена богаташка.

ibrahimovik3

Швеѓанката Хелена Сегер и Златан Ибрахимовиќ се запознале пред 14 годни на една забава, таа тогаш имала 32, а спортистот 21 гофина. Покрај 11-годишната разлика, ги делат и 30 см во висина. Во врската ги добиле двата сина, Максимилијан и Винсент. На Хелена не ѝ паѓа напамет да се омажи, бидејќи за неа тоа тоа би претставувало губење на самостојноста.Таа е дипломиран економист, а како маркетинг менаџер работи за „Своч“ и за „Флај Ми“. Одлучно тврди дека не влегла во врската со Ибрахимовиќ поради парите, бидејќи како што рекла во едно интервју, сè што има, сама го заработила. Не дава интервјуа, не сака раскошни забави и сама ја одржува куќата. На коментарите на интернет поранешната манекенка се смее и вели:

ibrahimovik2

„Висока сум 165 см, имам голема уста и кратки нозе! Не го сакам шопингот. Кога го запознав Златан, тој имаше 21 година, а јас 32, имав кариера и богатство и не ми требаше фудбалер за да ме храни. Бев независна, а тој дури не беше ниту мој тип на маж. Мислам дека затоа и му се допаднав.“

ibrahimovik

Извор:Плусинфо

Најчитани вести