Утрово почина момчето од сообраќајката со Урко

Утрово во 7 часот и 30 минути, почина 22 годишното момче од сообраќајката кај Рампа. Информацијата за 24 Вести ја потврди и директорката Чадуковска на болницата Св. Наум Охридски.
Информацијата за смртта на момчето била испратена и до МВР. 22 годишното момче од Синѓилик пет дена беше приклучено на апарати и се бореше за живот.
Министерот за внатрешни пред неколку дена најави дека записниците од сообраќајната несреќа се комплетирани и веднаш ќе бидат испратени во ЈО, но крим техничарите се уште  ги вештачат моторот и БМВ-то, велат извори од полицијата.
На возилата им се врши вонреден технички преглед, а одделот за крим – техника  ги анализира примероците со крвта од момчето и од Урко.
Според првичните информации, Митровски направил прекршок поминувајќи на две полни линии во моментот кога го удрил моторциклистот.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести