Од полицијата информираат дека во охридската болница било донесено починато лице околу 20:40 часот.
Според информациите, осумнаесетгодишниот Марко Д. од Гостивар седел на брегот на Охридското езеро во автокампот Градиште кога одеднаш му се слошило, се грчел и гушел по што починал.
Полицијата извршила увид, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.


