Мајлинда Келменди е олимписки шампион кој го освои првиот медал во првиот настап на Косово на Олимписките игри. Во финалето Келменди ја совлада Италијанката Одете Гифрида со еден јуко.
Најдобрата џудистка во светот победоносниот поход во Рио де Жанеиро го почна во пулот „Ц“ во категоријата до 52 килограми, при што во првото коло беше слободна, а второто ја совлада Евелин Чоп од Швајцарија со ипон, додека во вториот настап Кристине Легентил од Маурициус и пружи достоен одбор, но загуби со три казнени поени наспроти еден за Малјинда.
Келменди во полуфиналето беше подобра Мисато Накамура од од Јапонија со казнен поен, која до полуфиналето славеше над Цолмон Адијасамбу од Монголија и Наталија Кузиутина од Русија со ипон.
Во второто полуфинале се сретнаа Одете Гифрида од Италија исто така се пласира во финалето со казнен поен на противничката Јингнан Ма од Кина. Италијанката беше подобра од Германката Марен Краен со ипон и Андреа Читу од Романија со Јуко, додека Ма ги совлада Жоана Рамос со ипон и Ерика Миранда со вазари.
Бронзените медали и припаднаа на Кузиутина од Русија и Накамура од Јапонија.
Во категоријата до 66 килогрми шампион е Фабио Басиле од Италија, додека втор е Баул Ан од Јужа Кореа, а бронзените медали и припаднаа на Масаши Ебинума -Јапонија и Ришод Собиров – Узбекистан.
Ipon.mk




