Заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска била во еден од автомобилите кои учествуваа во сообраќајна несреќа утрово околу 8 часот на автопатот кон Гевгелија, објави Press24 повикувајќи се на полициски извори.
Според информациите, џипот Митсубиши Пајеро кој го управувал таткото на Шеќеринска, 68 годишниот А.Ш., а во кој покрај заменичката на Заев се превезувала и нејзината мајка имал судир со автомобил Шевролет Авео со гевгелиски регистарски таблички управуван од 29 годишната Б.Т. која по несреќата се пожалила на повреди и била префрлена во болница.
Информацијата ја потврди и портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов кој рече дека Шекеринска и нејзиното семејство патувале кон Гевгелија и за среќа поминале без повреди. Тој додаде дека на автопатот кој во моментов се реконструира, девојка која работела во казината претекнувала непрописно, удрила во заштитната ограда и се одбила, по што странично удрила во џипот во кој биле Шекеринска и нејзиното семејство.
Потврда на информацијата пристигна и од МВР но нема детали за тоа како дошло до сообраќајната несреќа.


