Минусот во државната каса се продлабочи на 4% од бруто домашниот производ. Приходите остануваат на иста позиција од 2,8 милијарди евра а расходите се зголемуваат. Ова се предлага со ребалансот на буџетот кој веќе е испратен во парламентот. На расходната страна, владата ги зголемува трошењата на 3,2 милијарди евра. Буџетскиот дефициа во апсолутен износ ќе изнесува 375,9 милиони евра или 4 отсто од БДП и во однос на сегашниот буџет е зголемен за 31,5 милиони евра. Од владата велат дека овој ребаланс се прави за да се обезбедат пари за оштета на поплавените. Од друга страна опозицијата регираше дека со предлогот за ребаланс, се потврдува дека институциите се во хаос и предложија парите планирани за панорамското тркало и барокни згради да се пренаменат. Ова ќе биде втора корекција на државната каса откако пред неполн месец пратениците го изгласаа првиот ребаланс на буџетот и издадоа еврообврзница тешка 450 милиони евра.
Извор:24 Вести


