Измеќари, клошари, гниди, лажни патриоти. Овие погрдни зборови економскиот промотор на Македонија во Вашингтон Оливер Ристиќ им ги упатил на членовите на Обединетата македонска дијаспора заради нивните донации во справување со штетите од поплавите. Оваа најмногубројна организација на македонските иселеници упати писмо до премиерот Емил Димитриев и до Агенцијата за странски инвестиции со барање Ристиќ веднаш да биде повлечен заради непримерно однесување. Тие се шокирани од агресивниот и непримерен речник на македонскиот дипломат.
Што е работата на економскиот промотор, да ја промовира Македонија или да ја навредува дијаспората?, прашува Мето Колоски, претседател на Управен одбор на ОМД.
Ристиќ како економски промотор на Македонија е дел од амбасадата во Вашингтон и како што може да се види од фејсбук преписката со членови на Обединетата македонска дијаспора ги навредува затоа што смета дека собрале малку помош за поплавените. Употребувајќи погрдни зборови Ристиќ ги обвинува дека не сакаат да дадат пари за Македонија, дека не инвестираат, па дури и дека ретко доаѓаат во татковината, на пет до 10 години.
Во Обединетата македонска дијаспора велат дека се разочарани од фундаменталнiot недостаток на основните манири што се очекуваат од вршител на висока јавна функција, кој нанесува огромна шtета на угледот на македoнската амбасада во САД. Веднаш по поплавите членовите на ОМД организирале Интернет донации и за неколку дена собрале 30 илјади долари, од кои 17 илјади ги уплатиле на сметката на Црвен крст, а останатите сакаат да ги донираат за поправка на училиште. Кампањата велат дека не завршила и објаснуваат дека секоја година имаат донаторски акции. Po поплавите во Tетово лани собрале 100 илјади евра, од кои половината од само еден иселеник од Лос Анџелес.
Инаку од странство донации пристигнуваат на сметка на Црвениот крст каде што соопштија дека до сега се собрани над 700 илјади евра, а во Владата од странските држави досега е пристигната помош од вкупно 2.3 милиони евра, од кои поголем дел е во опрема, храна и медицинска помош.
извор: Телма


