Сопственикот на битолската фабрика за чипс „Стиза“ преку соопштение испратено до медиумите ги демантира информациите дека фабриката е затворена.
Ја пренесуваме неговата реакцијата.
„Неодамна објевената информација по некои портали дека битолската фабрика за чипс ,,Стиза“ е затворена е невистинита и лиферување на стара информација, која што беше објавена во март 2016, и која што во тоа време ни нанесе штета финансиски, како и на нашиот углед. Во тоа време ние не демантиравме, но поради повторувањето на истата, приморани сме да ја демантираме истата, за да не ги претрпиме истите штети. За нас е нејасно зоште повторно се јавува оваа информација по некои портали, посебно во оваа фаза кога работењето на фабриката е во подем и кога имаме зголемена побарувачка и продажба.
Кога влегувавме во инвестицијата, свесни бевме за предизвикот кој што го прифативме и проблемите кои требаше да ги надминуваме. Но за наша среќа, тие се решаваат и неточна е неодамна објавената информација по некои портали дека капацитетот е пред затворање, а сопственикот Горданчо Мирчевски проблемите го натерале повторно да се врати во Австралија. Точно е дека ја немавме потребната електрична моќност, но благодарение на добрата соработка со ,,ЕВН“, Владата на Р.М. и Општина Битола, и тој горлив проблем е во завршна фаза на решавање, како што беше однапред договорено. Веќе е подготвена потребната инфраструктура и за не повеќе од десеттина дена ,,Стиза“ ќе има свое електрично напојување со потребната моќност.
Неодамнешното отварање на магацински простор (подружница) во Скопје, е само потврда дека ниту имало, ниту ќе има отстапки од предвидената производна и развојна компонента на инвестицијата. Поттик ни дава и тоа што производените количини во изминатиот период беа прифатени на пазарот, а дека имаме квалитет потврдува и секојдневниот интерес на поголемите трговци за склучување на догвори. Дека во ниту еден момент не се поколебавме, зборува и постојаното проширување на асортимани на производи. По солениот и оној со вкус на кечап, од месец јули го воведовме во производниот процес и чипсот со вкус на павлака и кромид. Дека влегуваме во производен бум, говори и фактот што дел од стоката се дистрибуира и од новоотворениот магацин во Скопје. Проблемите се минато, и секојдневно побарувачката на нашите производи расте, а со тоа очекуваме и производството да расте, и бројот на нововработени според најавениот план да се зголемува, а македонскиот чипс да патува до сите потенцијални пазари“, се вели во соопштението потпишано од инвеститор Горданчо Мирчевски.


