Скандал на ортопедија во Клиничката болница Штип. 7-годишно дете тепано додека без анестезија докторите се обидувале да му ја наместат скршената рака, обвинуваат родителите. Па, освен со гипс, детето од амбулантата излегло со модрици по лицето и крвава уста. Со обвинување за нехуман однос на дежурните доктори и дека тие му ги нанеле повредите на лицето на детето за време на интервенцијата, излезе денеска пред камерата на ТВ Стар, мајката на Един, Телкизеа Витановска од Берово.
-Ми рекоа влези внатре јас влегов, не можеа да му стават анестезија, па пак ми рекоа излези, и слушнав детето кај што писка и ме вика, кога влегов го видов крваво во устата, и како едниот доктор го држи за гуша да не писка, а на лицето имаше модрици, изјави Телкзиеа Витановска, мајка на Един.
Инцидентот се случил на 30 август вечерта по 22 часот. До денеска детето и родителите се под шок од , како што велат, нехуманиот однос на лекарите од кој барале помош.
-Јас сега мислам повеќе на моето дете колку само болка тоа претпре и плус што го удрија, значи јас кога влегов, барав вода за да го освежам детето,тоа беше се со агресивност со нервоза, кажа Текизеа Витановска, мајка на Един.
Згрозена од настанот, и од состојбата во која бил нејзиниот син, таа инцидентот го пријавила во полиција.
-Тоа е значи срамота, два доктора го тепаа, едниот само шамар, а од другиот има модрци, рече Телкизеа Витановска, мајка на Един.
Денеска од СВР Штип го потврдија инцидентот и истакнаа дека работат на комплетирање на случајот.
Од Клиничката болница негираат какво и да е насилство и целата ситуација ја објаснуваат на следниот начин.
-Прегледано е од страна на доктор специјалист ортобед и констатирано е скршеница на левата подлактица, наложено е да се направи репозиција со теглење на раката и таа е завршена професионално, истакна Марина Шуманска, портпарол на Клиничка болница – Штип.
Развсрка на инцидентот ќе бара и НВО КХАМ до каде денеска родителите на Един поднесоја преставка за прекржување на здравствените права.


