Амбени така го исполни своето ветување дека на милиони луѓе ќе им овозможи евтин интернет кој ќе биде брз и квалитетен за да можат, на пример, да се постираат видео снимки, пренесува Си-ен-ен.
Неговата 4Г мрежа покрива повеќе од 80 отсто од земјата, а официјално стартуваше вчера. Индијците неговата мобилна мрежа до крајот на годината ќе можат да ја користат сосема бесплатно, а потоа ќе плаќаат 2,25 долари за интернет.
„Сѐ што може се дигитализираше, животот стана дигитален“, изјави Амбани минатата недела.
Досега само секој петти Индиец имаше пристап до интернет. За светската мрежа е потребна инфраструктура која во сиромашните делови на Индија буквално ја нема. Но, доколку успее мрежата Џио на милијардерот, сето тоа ќе се смени. Амбани се надева дека во следните години бројот на корисници на интернет ќе порасне за неколку стотици милиони и токму тука ја гледа својата бизнис прилика.


