Говор на пратеникот од редовите на СДСМ, Бетиан Китев:
-На предлог на Владата а изгласан од Вмро Дпмне усвоени се измени на Законот за вино во кој предвидуваат доколку лозарот побара исплата на предаденото грозје во рок од 7 дена цената откупувачот да ја намали до 8%.
Потоа наводно на барање на лозарите преку (Агротиквешија) првите пари да ги добијат во износ од 20% до 15 декември, следните 40% во февруари и останатите 40% во април (повторно 6 месечна исплата на рати)
Согласно законот за земјоделство земјоделските производи на сите други гранки се исплаќаат во износ од 20% во првите 20 дена а тука првите пари лозарот би ги добил првите 60 дена( од завршување на откупот до 15 декември)
На овој начин и договорените цени од нивните состаноци 11 денари со 13 денари (вранец и смедеревка) ќе останат само како договор на хартија.
Ваков законски грабеж лозаропроизводиелите не заслужуваат!
Државата има системски можности да обезбеди сигурен пласман и гарантирана цена на грозјето!


