УЈП со уште една „црна“ листа на должници

Управата за јавни приходи објави уште една  „црна“ листа со должници.

 

Се работи за долгови доспеани до 31 мај 2016 година и неплатени до 31 август 2016 година, по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. Вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица. Меѓу должниците има јавни претпријатија и приватни фирми со различни дејности од цела Македонија. Ова е деветта листа на должници на УЈП.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 одЗаконот за даночна постапка.

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести