Тензично на откупните пунктови во Кавадарци, стопиран откупот на грозјето

Во екот на бербата на кратошијата, лозарите денот го започнаа со затворени пунктови. Никој не откупува грозје  поради имплементацијата на измените на Законот за вино според кој  една вага смее да откупува за само една винарија.

otkup_grozje2

– Моментално на откупните пунктови е тензично и лозарите се револтирани, бидејќи и покрај ниската цена, никој не го сака грозјето, и тоа може да остане и скапе на лозјата  и во приколиците на тракторите. Дополнително создаваат притисок и големиот број на инспектори кои се наоѓаат на откупните пунктови спремни да го казнат откупувачот ако го прекрши законот. Во незавидна положба се и лозарите и откупувачите кои претходно веќе имале склучено договори со производителите и се должни да го откупат грозјето. Хаосот е евидентен, на штета и на двете страни – изјави за Бриф, претседателот на СДСМ Кавадарци, Зоран Георгиев.

otkup_grozje1

Лозарите својот револт поради состојбата во која се наоѓаат, освен кон Владата го насочуваат и кон нивниот претставник Љупчо Аризанов кого никаде го нема да помогне и реагира во овие клучни моменти за нив.

Најчитани вести