СДСМ:Буџетот на кадрите на Груевски ќе претрпи ревизија, ќе биде Буџет за граѓаните

Соопштение на СДСМ:

Порачуваме дека Буџетот за 2017 година што го усвоија кадрите на Никола Груевски во Владата, доколку биде усвоен од мнозинството во Собранието ќе претрпи темелна ревизија и ќе биде проектиран исклучиво според потребите на граѓаните на Република Македонија.

Нагласуваме дека Владата којашто функционира е техничка и е формирана исклучиво за организирање и спроведување на предвремените парламентарни избори.

Оваа Влада не смее да носи сериозни акти каков што е Буџетот за 2017 година тежок 3 милијарди евра.

Граѓаните треба да знаат дека СДСМ нема да дозволи исплатата на сите тековни трошоци, плати, пензии, субвенциии, социјални трансфери, на ниеден начин да биде загрозена.

 

Најнови вести

Најново од Економија, Ударни вести

Најчитани вести