Владата синоќа донесе одлука со 3 денари за килограм да ги субвенционира винариите за да го откупат грозјето.
Најверојатно сега ќе заврши малтретирањето на лозарите, владата најде оправдување како да им даде пари на винариите, наместо на лозарите.
Од сите можни мерки кои можеше да ги превземе, власта се одлучи за мерката од која ќар ке имаат единствено винариите. Ќе добијат евтина суровина која ќе платат за 6 месеци.
Лозарите се повторно изманипулирани од власта, свесно, со посредство на нејзините измеќари, таканаречените лидери на земјоделците.
Кое зло е собрано во оваа власт?! Како само го смислија, закон сменија, инспектори на терен пуштија, хаос се создаде неколку дена и ете ги државни пари на винариите, читај ќе ги делат заедно. Им требаат пред избори начини како да исперат државни пари.
Како бе ваква креативност не покажаа за нешто арно да му направат на овој народ?
Ленче Николовска


